За нас

ЈЗУ Универзитетска Клиника за  уво, нос и грло  е здравствено, образовна и научно – истражувачка установа. Основна дејност на ЈЗУ Клиника за уво, нос и грло се давање на специјалистичко – консултативни и стационарно здравствени услуги, преку специјализирани, превентивни, дијагностички, терапевтски и рехабилитациони прегледи во болничките и амбулантните услови.

Визија на Клиника за уво, нос и грло е континуирано подобрување на квалитетот на негата на пациентите и постојано надминување на нивните очекувања, кои се постигнуваат преку посветеност на медицинскиот и немедицинскиот персонал за подобрување на здравјето и благосостојбата на пациентите.

Мисијата на Клиника за уво, нос и грло е постигнување на висок квалитет и здравствени услуги лојални на етичките вредности, во однос на правата на пациентите, кои се вклучени во превентивна здравствена заштита за сите пациенти од страна на нашите квалификувани и стручни кадри.

Главни вредности на параметрите на квалитетот во здравствената заштита за кои се залагаат вработените во Клиника за уво, нос и грло се:

  • Свест за квалитет, фокусирајќи се на очекувањата и задоволството на нашите пациенти е наш приоритет;
  • Достоинството и интегритетот на пациентот се третира со почит и внимание;
  • Ние го цениме и мотивираме нашиот персонал со поддршка за посета на обуки за професионален развој;
  • Постојано следење натехнолошките подобрувања,научниот и менаџерскиотразвој со цел да се постигне повисоко ниво на третман на пациентите;
  • Со цел да сеобезбеди сигурна иудобна околиназанашите пациенти ивработени, ниепостојаноја подобруваме животната и работната средина;
  • Почитување на законските прописи од медицинската област;
  • Донесување на Одлуки земајќи ги во предвид прашањата поврзани со квалитет на здравствената заштита, безбедност на пациентите и персоналот и постојано подобрување на Системот за менаџмент со квалитет.
  • Пациентот е клучен фактор во креирање на здравствената политика на Клиника за уво, нос и грло.

ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло е основана со поделба на ЈЗУ Универзитетски Клинички Центар Скопје согласно Одлуката на Владата на Р.С.Македонија број 19-3888/1 од 26.06.2007 година (Службен весни број 102/07). Во Централниот регистар е регистрирана како посебно правно лице на 05.09.2007 година под називот Јавна Задрасвена Установа Клиника за уво,нос и грло Скопје, во сопственост на Владата на Р.С.М. и со претежна дејност 86.10-Дејност на болници. Со Одлука на Владата на Р.С.М. број 19-3434/1 од 08.07.2008 година (Службен весник бр.83/08), во Централниот регистар е заведена промена на називот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло Скопје.

Мисија и Визија

Сите вработени на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло се залагаат на нивните пациенти да им обезбедат најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Професионалноста и љубезноста не е само пожелна доблест, туку за нас претставува и обврска за сите наши пациенти. Соработката помеѓу пациентот и лекарот за нас е клуч за добар резултат од третманот, а Вие што сте се одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа ќе се почувствувате прифатени и безбедни, а тоа ќе биде пресуден фактор и нераскинлива алка за Вашето брзо опоравување и здравје.

Нашата болница ги задржува највисоките стандарди на совршеност благодарение на долгогодишното искуство и квалитетот на нашите стручњаци. Медицинскиот персонал во нашата болница е гордост во обезбедување не само на најдобра медицинска нега, туку и лично внимание и доверливост за секој пациент и неговите потреби.

Полни со енергија и став, со нов изглед кој се одразува од нашата традиција, ние ја обновуваме и ја засилуваме нашата посветеност за да направиме извонреден напредок за здравјето на нашите пациенти.

Во рамките на дејноста во Универзитетската клиника за уво, нос  се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита од областа на отоларингологијата,  врши образовна дејност, врши усовршување на здравствените работници и научно истражувачка дејност.

Во специјалистичко – консултативната дејност се врши специјалистички прегледи, испитувања и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба на корисниците на здравствени услуги, спроведува специјализирани дијагностички, терапевтски и рехабилитациони постапки, дава специјалистички мислења и предлози, врши други здравствени услуги предвидени во прописите за здравствената заштита и здравственото осигурување или по барање на корисникот на услугите.

Во   болничката дејност Универзитетската клиника врши испитување на  здравствената состојба, дијагностицирање, лекување и сместување на болните во стандардни болнички услови, обезбедува постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаи, според потребата обезбедува конзилијарна медицинска помош, обезбедува лекови и помошни медицински материјали потребни за лекување, учествува во спроведувањето на посебни програми за спречување, сузбивање и рано откривање на заболувањата и повредите, дава упатства за домашно лекување, обезбедува здравствено воспитување на лицата на кои им се пружа болничка здравствена заштита, пружа стручна помош на другите здравствени установи и обезбедува стручно усовршување на здравствените работници, организирано во болнички одделенија.

На болните сместени во болничкиот дел  заради лекување, Универзитетската клиника им обезбедува стандардна болничка исхрана во зависност од здравствената состојба на корисниците на болнички услуги;

За одделни заболувања кога не е неопходно болничко сместување, Универзитетската клиника може да организира лекување во текот на денот (дневна болница).

 

  • ISO 9000:2005       Систем на менаџмент со квалитет – Основи и речник.
  • ISO 9001:2008       Систем на менаџмент со квалитет – Барања.
  • ISO 9004:2009       Систем на менаџмент со квалитет – Упатства за подобрување на перформанси.
  • IWA 1:2005 Насоки за подобрување на процесите во услужните здравствени организации