Службено лице – информациите од јавен карактер

Согласно член 28 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло- Скопје, како и согласно членовите 8 и 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло-Скопје, го донесува следново

Р Е Ш Е Н И Е
За назначување на службено лице
Кое што ќе посредува со информациите од јавен карактер
1. За службено лице кое што ќе посредува со информациите од јавен карактер се именува лицето

-Виолета Нјадоска
2. Задача на службеното лице кое што ќе посредува со информации од јавен карактер е:
-да контактира и да ги дава информациите од јавен карактер
-да му помага на барателот на информации, за што води посебна евиденција за примање на барања за информации;
-чување и давање на информации;
-редовно да ја води и ажурира листата на информации со кои располага Клиниката
-да ги објавува информациите од јавен карактер на огласната табла на Клиниката
3. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.
4. Со донесувањето на ова Решение престанува да важи решението број 0302-297/2 од 18.08.2011 година

О б р а з л о ж е н и е
Согласно членовите 8 и 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , се одлучи како во диспозитивниот на ова Решение.

ПРАВНА ПОУКА : Против Решението именуваната имаа право да бара преиспишување во рок
Од 8 дена од денот на прием на Решението до Управниот Одбор на ЈЗУ
Универзитетска Клиника за Уво, нос и грло- Скопје