Куќен ред

Почитувани пациенти,

  • За време на Вашиот престој во Клиника за уво, нос и грло, потребно е да се придржувате на куќниот ред.
  • Со цел спроведување на брзо испитување и лечење, потребна е Вашата соработка.
  • Ве молиме таа соработка да ја пружите на медицинскиот персонал кој се грижи за Вас.

ОПШТИ УПАТСТВА

  • За време на престојот во Клиника за уво, нос и грло, потребно е коректно да се однесувате со медицинскиот персонал.
  • Ви препорачуваме со Вас да не носите или да не држите поголема сума на пари, накит или сл., бидејќи во случај на губење Клиника за уво, нос и грло не превзема одговорност.
  • По приемот потребно е да се запознаете со користењето на санитарните и сигналните уреди со помош на медициснката сестра.
  • За време на потребните испитувања (анализи, прегледи) не е дозволено земање на храна без одобрување на доктор, односно сестра бидејќи во спротивно влијаете на продолжување на текот на испитување и оневозможувате точност на резултатите добиени со анализа.
  • Отпусната листа пред напуштање на Клиника за уво, нос и грло ја издава докторот кој истовремено и усно ќе Ви ги даде потребните објаснувања за Вашето понатамошно лечење, како и за потребните контроли на Вашата здравствена состојба.
  • Отпусната листа се издава после 11часот.Ве молиме благовремено да ја известите Вашата фамилија, која треба да дојде по Вас.

ОПШТИ ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

Со цел одржување на потребниот ред, во Клиника за уво, нос и грло не се дозволува:

  • Пушење во болничките соби и во останатите простории на клиниката.
  • Внесување и конзумирање на алкохолни пијалоци.
  • Задржување и собирање на болни по ходници и други простории.
  • Фрлање отпадоци од храна низ прозор и во лавабо.
  • Уништување на инвентарот и уредите – во случај на нивно оштетување, пациентот е должен да ја надокнади направената штета.
  • Во случај на кражба на телефони и други лични работи, Клиниката за уво, нос и грло не носи одговорност.
  • Напуштање на одделот без одобрување на доктор.
  • Меѓусебно посетување на болните како по оддели така и по болнички соби.
  • Употреба на решоа и други грејни тела.
  • Седење на посетителите на болничките кревети.

За време на престојот на пациентите во Клиника за уво, нос и грло се дозволува:

  • Тивко слушање на музика која не смета на другите пациенти.
  • Посета на пациентите е секој ден од 15.00 – 17.00 часот
  • По истекот на дозволеното време посетителите се должни да ја напуштат болничката соба.
  • Време за јадење – доручек – 07.30 часот
  • ручек – 13.00 часот
  • вечера – 17.30 часот
  • Спиење од 21.00 до 06.00 часот. Во тоа време се гасат светилките, а пациентите задолжително треба да бидат во своите соби