Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување
раководител на одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување
Проф. д-р Билјана Ширгоска
-
- Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување
- предоперативна евалуација и припрема на пациентот за оперативна интервенција според термините од програмата на Министерството за здравство МОЈ ТЕРМИН. Приоритет секогаш имаат итните случаи.
- непосредно учество при секојдневните визити
- пополнување на анестезиолошка листа и чек листата
- назначување на потребни испитувања за болните
- спроведување на медицински протоколи за безбедна хирургија
- основна задача на лекарот анестезиолог е да обезбеди комфорт на самиот пациент, негова максимална сигурност и безбедност во тек на оперативната интервенција, следејќи ги сите витални параметри,
- задача на лекарот анестезиолог е да обезбеди на хирургот адекватни и погодни услови за изведување на оперативниот зафат.
- ординирање на терапија и контрола на ординираната терапија
- вршење на увид во добиените резултати од извршените прегледи и преземање на потребните активности во поглед на корекција на терапијата
- постоперативно следење и мониторинг на пациентот;
- водење на евиденција и документацијата на пациентите
- присуство на состаноците на Стручниот колегиум,
- давање сугестии за набавка на лекови и медициска опрема согласно со Планот за јавни набавки
- обезбедување на стручно усовршување, едукација и оспособување на вработенте на Одделот
- стручно усовршување на специјализанти
- вршење на научно-истражувачка работа.
