Силвана Радеска

Дипл.мед.сестра Силвана Радеска

Дипломирана медицинска сестра Силвана Радеска е Главна медицинска сестра на ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво, нос и грло.
На Клиникат за уво, нос и грло е вработена од 2002 година. Дипломира на Факултетот за медицински науки и долги години успешно ја извршуваше функцијата Одделенска медицинска сестра на Одделот за педијатриска оториноларингологија.
Како Главна медицинска сестра успешно ја организира, координира и контролира работата на медицинските сестри и помошно техничкиот персонал, се грижи за нивното стручно усовршување, ја води Главната аптека на Клиниката, ја координира практичната настава на учениците од средното медицинско училиште итн., давајќи вреден придонес во развојот и унапредувањето на нејзината професија