12- 14 НОЕМВРИ 5-ти Национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат
https://ucorl.org.mk/wp-content/uploads/2026/09/logo-za-baner-1024x255.jpg 1024 255 ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло ЈЗУ Универзитетска Клиника за уво,нос и грло https://ucorl.org.mk/wp-content/uploads/2026/09/logo-za-baner-1024x255.jpgПочитувани учесници и колеги, Со големо задоволство и чест Вe покануваме да бидете дел од 5от Национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат, кој ќе се одржи во Скопје, Северна Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година. Горди сме што ќе обединиме дел од водечките светски експерти во областа на оторинолагологијата, отологијата, ринологијата и ринопластиката, хирургијата на глава и врат, ендоскопската хирургија на базата на черепот, како и некои исклучително талентирани хирурзи и млади хирурзи - следната генерација идни лидери во светот. Конгресот ќе има мултидисциплинарен карактер со цел унапредување на знаењата, образовните техники и најновите достигнувања во областа на оториноларингологијата и хирургијата на глава и врат, преку интерактивно учество на предавачите и учесниците. Научната програма ќе вклучува современи пленарни предавања, динамични тркалезни маси со дискусии за сложени клинички случаи, како и дебати во кои публиката ќе може активно да учествува и да гласа. Овие активности ќе бидат надополнети со кратки и практични видео-презентации од типот „како да го направите тоа“. Основната филозофија и главна тема на овој конгрес е „вмрежено учење“ – процес на развивање и одржување на врски со луѓе и информации и комуникација на начин кој го поддржува меѓусебното знаење и искуство. Со задоволство го очекуваме Вашето присуство. Со почит и срдечни поздрави,
Претседател: Игор Камшикоски, д-р мед., докторанд, специјалист по оториноларингологија Универзитетска Клиника за Уво, Нос и Грло при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“, Скопје Медицински факултет, Скопје, Северна Македонија Потпретседател: Проф. д-р Весна Петреска Дуковска Професор по оториноларингологија Општа болница „Ре-Медика“, Скопје Универзитет „Гоце Делчев“, Факултет за медицински науки, Штип, Северна Македонија




